Во согласност со издадените мерки и препораки од Владата, Градот Скопје ги известува граѓаните дека шалтерите во барака број 16 од денеска /13.03.2020 година, петок/ ќе работат до 16:00 часот. Во наредниот период во барака број 16 после 16 часот нема да се врши прием и издавање на документи.
Скратеното работно време ќе важи во наредните две недели, односно до наредните препораки од надлежните институции.