Бројот на заразени со коронавирус во Австрија попладнево се искачи на 655 лица.
Откако утрово бројот на заразени за првпат надмина 600 лица, сега е зголемен со над 50 нови потврдени случаи.
Досега надлежните органи спровеле 7.467 тестирања.
Заега најмногу заразени има во покраината Тирол (206), а потоа следува Горна Австрија со 116 потврдени случаи.
За првпат од избувнувањето на епидемијата, на крајот на февруари, во Виена има повеќе од 100 заболени, поточно 101.