Литванија ги затвора своите граници

Литванија објави дека ги затвора своите граници од попладнево за да спречи ширење на Ковид-19 од кој досега се заразени седум нејзини граѓани во државата во која има 2,8 милиони граѓани.

– Слободното движење во шенген-зоната беше од најголема вредност, но сега станува најголема закана, рече министерката за внатрешни работи на Литванија, Рита Тамашуниене. Таа не го прецизираше рокот за траење на тие ограничувања.

Литванија веќе ги затвори сите училишта, универзитети, градинки, музеи и кина.

Треба да знаете
Последни објави