Моцарт демантира дека нивна обложувачница работела по 18 часот

Во врска со новинарското прашање поставено на денешната прес конференција на Министерот за здравство, а во кое се наведува дека вчера по 18:00 часот работела спортска обложувалница на Mozzart Bet во населбата Бутел ја демантираме оваа информација и ја известуваме јавноста за следново:

Mozzart Bet во целост ги почитува мерките кои Владата на РСМ ги презема за справување со коронавирусот и веднаш постапи по одлуката со која се ограничи работното време на сите спортски обложувалници до 18:00 часот.

Mozzart Bet е членка на АСОМ (Асоцијацијата на спортски обложувалници) и сите спортски обложувалници кои членуваат во асоцијацијата, постапуваат согласно донесената одлука.

Треба да знаете
Последни објави