Од таму, исто така, соопштија дека патникот кој вчера со авион пристигнал од Германија и бил тестиран е негативен на коронавирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.
Во меѓувреме вчера попладне, на коронавирус биле тестирани уште осум пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.
Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот и кои се во стабилна состојба денеска ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.