Полицијата спречила камион да излезе од Дебар, на пунктот кај Бошков мост, каде се врши строга контрола на влез и излез од подрачјето во кое е на сила кризна состојба, јавува репортерот на „360 степени“ од терен.
Камионот бил тргнат да излезе од контролираното подрачје, но полицијата не му дозволи да го помине пунктот и по 20-ина минути возилото се врати назад кон Дебар.
Фото: 360 степени