Спасовски за собирањата на Водно: Родители бидете одговорни, така не ги штитите децата

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција реагираше на вчерашниот настан за собирањата на Водно. Тој рече дека и покрај препораките и забраните поради коронавирусот, собрана беше голема група на млади луѓе. Спасовски им порача на родителите дека треба да бидат поодговорни и дека со тоа што ги пуштиле нивните деца на Водно не ги заштитуваат ниту нив, ниту себе.

„Со тоа што беше се затворено по 18 часот и кафулињата не работеа, младите вчера отидоа на Водно и мораше да интервенира полиција. Не може да има одговорност кај нас како граѓани, ако вие како родители дозволувате тие да излегуваат и да се однесуваат на таков начин. Така не ги штитите ниту децата, ниту себе. Апелирам сите да бидеме одговорни”, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави