Ѓоковиќ советува како да се заштитиме од коронавирусот

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е познат по својот наќин на исхрана, па сега најде за сходно да ги сподели своите совети за борба и превенција од коронавирусот.

– Зголемете го внесувањето на витаминот Ц и цинкот. Препорачано е околу 5-7 грама витамин Ц, а може и до 10. Доколку најдете течен цинк, уште подобро, но може и во капсули, дури и 3-4 пати повеќе од препорачаната доза.
– Секое утро на празен стомак се пие топла вода со лимон и малку морска сол, а може
да се пие неколку пати во текот на денот.
– Да се пие што повеќе зелени сокови и шејкови со лиснат зеленчук (спанаќ, кељ…). Со него се создава алкална база во телото која
ги уништува патогените и вирусите.
– Киселата средина се создава со нездрава брза храна, стрес, грижа, лутење, пијалоци со рафиниран шеќер, млечни производи.
– Препорачливо е да се конзумира и малку лук во лажичка мед со цимет. Исто така, масло од диво оригано, ѓумбир, кајен пиперка.
– Колоидна сребрена вода е посебно добра за имунитетот и борба против отровите.
– Различни видови чаеви и свежи билки секогаш се добредојдени.
– Де се поминува време на свеж воздух во природен амбиент, кој не лечи и не полни со животна енергија.
– Да се прават вежби на дишење, бидејќи така се воспоставува емотивен и ментален склад и мир.
– Што повеќе да се смеете, да уживате во музиката која ве прави среќен.

Треба да знаете
Последни објави