Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните да ги почитуваат и имплементираат препораките и одлуките на Владата

Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните и компаниите да ги почитуваат и имплементираат препораките и одлуките на Владата и другите надлежни институции за справување со корона вирусот Ковит -19. Само на тој начин ќе се забави ширењето на вирусот и здравствениот систем поефективно ќе се справува со оваа заразна болест.
Демократскиот сојуз во целост ги поддржува мерките на здравствениот систем и иницира Владата да ја разгледа потребата од следните дополнителни мерки:
1.Да се активираат сите здравствени капацитети (од јавниот и приватниот сектор), соодветно да се подготват и снабдат со потребните медицински средства и лекови за справување со корона вирусот.
Во оваа насока да се спроведат и посебни мерки за заштита на докторите и другиот медицински персонал, со цел да можат да ја пружат неопходната лекарска помош на потенцијалните пациенти.
2. Да се овозможат услови (хигиенско епидемиолошки) за непречено функционирање на фирмите за производство на храна, лекови, вода, енергија, заштитни средства и сл.
3. Да се преземат мерки за ублажување на економските ефекти од мерките кои се преземаат, посебно на оние кои трпат најмногу последици, хотелите, угостителските објекти и др.
4. Транспортните компании да се помогнат со финансиска и друг вид на помош за снабдувањето на граѓаните да се одвива непречено.
5. Владата да прогласува кризна состојба секаде каде е неопходно и граѓаните доследно да се придржуваат до насоките.
Демократскиот сојуз смета дека со навремени мерки може ефектно да се справиме со ширењето на епидемијата.
Идеите за прогласување на вонредна состојба треба многу внимателно да се разгледуваат и во никој случај да не се избрзува пред да се исцрпат другите можности и мерки (изолација, воведување кризна состојба итн.).

Воедно укажуваме дека некои од подрастичните мерки (затворање на гранични премини, забрана на влез во нашата земја и сл.), да се усогласуваат со ЕУ и соседните држави.

Медиумите и социјалните мрежи да објавуваат и пренесуваат информации и насоки за постапување само од релевантни институции и да се спротивстават на лажните вести како начин за создавање паника.

Треба да знаете
Последни објави