На 14.03.2020 во 04.34 часот во СВР Штип било пријавено дека улицата Булевар ЈНА во Штип настанал пожар, при што било опожарено паркирано патничко возило „ауди”, со штипски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(20) од Р.Турција.
Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
Ова е втор сличен инцидент во Штип, каде во септември лани беше запален автомобил „мерцедес“, сопственост на турски бизнисмен, кој работи во градот.