Интер почна кампања за собирање пари за борба против коронавирусот

Италијанскиот фудбалски прволигаш Интер преку Фејсбук започна кампања за собирање пари за борба против коронавирусот. Собраните средства ќе бидат префрлени на Одделот за биомедицински и клинички науки на болницата Луиџи Сако во Милано.

Целта на акцијата е да се соберат доволно средства за финансирање на истражувачки активности во болница во Милано, која развива вакцина против коронавирус.

Играчите и вработените во клубот донираа 500 илјади евра, а вкупно за само еден ден се собрани повеќе од 2,8 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави