Карачиќ и официјално стана македонски зет

Некогашниот ракометар на Вардар и хрватски репрезентативец Игор Карачиќ и официјално стана македонски зет. Тој ја побара раката на струмичанката Душица Андоновска, со која е во врска неколку години.

Со рози од кои направи срце и дијамантски прстен ја запроси Андоновска, а нејзиниот одговор беше позитивен.

Радоста ја споделија на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави