Новороденче од Англија е позитивно на корона вирус, ова е најмладиот пациент во светот. Мајката на новороденчето била под итно донесена во болницата во Лондон со симптоми на пневмонија, пренесува британски The Sun.
Мајката и новороденчето биле тестирани во различни болници и тестовите покажале дека се позитивни на корона вирус. Мајката е тестирана во North Middlesex Hospital. Новороденчето било тестирано веднаш по раѓањето.
Лекарите се трудат да востановат дали бебето е заразено по раѓањето или било заразено додека било во утробата на мајката.
Во Велика Британија од коронавирус досега има 798 заразени, а починаа 11 луѓе.
Медицинскиот тим кој ја пораѓал мајката е советуван да биде во самоизолација.
Royal College of Obstetricians and Gynecologists советуваше дека здравите бебиња можат да бидат доени од инфицирани мајки.