Економијата во Република Македонија со Заев и СДСМ е во амбис.
Наместо парите кај граѓаните, парите завршуваат кај Вицето и семејните фирми на Заеви. На сето тоа Зоран Заев им порачува на граѓаните дека може уште повеќе. Тоа што Заеви станаа најбогатото политичко семејство во Европа очигледно дека му годи.
Растечкиот криминал и корупција во Македонија, кој го нотираат и меѓународните институции ја уништува економијата, стопанството, но и иднината на државата.
Освен бескрупулозното богатење на поединци во СДСМ и на луѓе кои се околу фамилијата Заеви, граѓаните ништо друго не видоа. Секојдневно на нивните прес конференции се обидуваат да продадат ветар и магла.
СДСМ да престане со манипулирање и лажење на вредниот македонски народ!
На изборите на 12-ти април граѓаните ќе им покажат дека е време неспособните луѓе од СДСМ да си заминат. Граѓаните на 12-ти април ќе се одлучат за нова влада која ќе донесе вистински раст на платите и економијата на една реална и одржлива основа. За влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев никогаш повеќе.