Патникот кој пристигнал од Германија нема коронавирус, тестирани уште осум други пациенти

Патникот кој денеска со авион пристигнал од Германија и беше тестиран е негативен на коронавирусот, објави на „Фејсбук“ министерот за здравство, Венко Филипче.

„Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2336380543335632

Во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.Во меѓувреме попладнево, на коронавирус се тестирани уште 8 пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Сите тестови се негативни на вирусот.Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби“, информираше Филипче.

Треба да знаете
Последни објави