На 13.03.2020 во 15.10 часот на Железничка станица Табановце на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобило едно лице – мигрант, кое било качено на цистерната. Лицето било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош. Во цистерната биле пронајдени и уште 10 лица – мигранти и истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.