Позната италијанска инфлуенсерка ја повика Кендал Џенер да престане да објавува дезинформации

Италијанската модна блогерка Кјара Ферањи (32) ги повика своите 19 милиони следбеници на „Инстаграм“ да не го потценуваат проблемот со коронавирусот и ги повика sвездите, како манекенката Кендал Џенер (24), да престанат да објавуваат дезинформации и да не го потценуваат проблемот.

Ферањи заедно со семејството е принудена да остане дома во Милано во карантин поради епидемија на коронавирусот, а на социјалните медиуми секој ден ја зголемува свеста за проблемите во Италија.

„Ние во Италија ја направивме истата грешка како и многумина на почетокот, па мислевме дека тоа е само обичен грип, но научивме сè на потешкиот начин“, почна таа.

„Нашите болници се на колена затоа што премногу луѓе бараат лекарска помош. Ве молам, да бидеме обединети во борбата против вирусот и да не испраќаме погрешни пораки“, додаде таа.

32-годишната Кјара, заедно со својот сопруг Федез, водеше кампања за да собере средства за болниците.

Од почетокот на кампањата собрани се четири милиони долари вклучувајќи и 100.000 евра што ги донирале таа и нејзиниот сопруг.

Треба да знаете
Последни објави