Путин го потпиша законот за уставни реформи што ќе му овозможи да остане на власт следните 16 години

Рускиот претседател, Владимир Путин, го потпиша законот за уставни реформи што ќе му овозможи да остане на власт следните 16 години.

Граѓаните ќе гласаат за уставните амандмани на референдум на 22 април.

Уставниот суд ќе ги разгледа амандманите пред гласањето.

Според сегашниот закон, Путин нема да може да се кандидира за претседател во 2024 година поради ограничувањата на мандатите, но измените би му дозволиле да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

Тој е на власт од 2000 година.

Треба да знаете
Последни објави