Наместо мазут за горење, за увоз се купува опасна смеса од отпадни масла кои се трипати поефтини од мазутот. Во моменот запленети се две вакви цистерни на царински склад во Скопје и се прават анализи на смесата која е во нив. Директорот на Пазарната инспекција Стојко Пауновски за 24 инфо ја потвди информацијата и рече дека до понеделник ќе ги има резултатите за содржината на цистерните.
– Се забрани увоз на отпад од странство и го снема загадувањето. Но само до пред некоку дена. Фирма од Скопје увезла две цистерни на вакво масло и сега се чекаат резултатите. Што се не се прави за профит- вели Пауновски. Според него отпадот има непосредно влијание врз квалитетот на воздухот, одреден вид на отпад може да биде испарлив и азлично да реагира на квалитетот на воздухот.
-Немаше увоз на отпад,немше загадување- вели Пауновски.
Каков отпад се увезува во земјава, колку е ефикасна контролата на тоа што влегува, кој ја има најголемата одговорност, дали повеќе извезуваме или увезуваме и дали воопшто треба да се увезува отпад однадвор како енергенс се прашањата кои се отворија на почетокот на оваа година откако во соседна Бугарија беше покрената истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во Бургас, од страна на компанијата „Блацион“ ООД.
Во однос на тоа колку отпад се увезува, а колку извезува од земјава,офицјалните податоци велат дека во последните неколку бројките се исти, односно дека повеќе се извезува, отколку што се увезува отпад. Така во 2014 има издадено вкупно 52 вкупно дозволи за увоз, извоз и транзит, од кои од овие 10 се за увоз на отпад, остатокот се транзит и извоз, најголем дел се извезува. Има години како на пример во 2017, кога има издадено 269 дозволи, од кои само 64 се за увоз, а остатокот се извозот од земјата. Најчесто се увезува од Косово, Албанија заради преработка. Најмногу увезуваме железо и челик, се увезуваат отпадни акумулатори, најголем број од процентот на увезен отпад отпаѓа на отпадното железо и отпадните акумулатори, но се увезува и отпадна хартија, за која има инсталација за преработка, се увезува пластичен отпад, отпадни сецкани гуми. Сецканата гума се користи за производство на гориво. Министерот за животна средина Насер Нуредини во екот на аферата со Бугарија изјави дека кај нас се увезуваотпад за рециклирање и за повторна употреба.
Шест кривични пријави произлегле од Државниот инспекторат за животна средина во 2019. Заа да се спречи увозот во собраниска процедура се предлог на измените на законот за управување со отпад, поднесен од ДОМ со кој се бара забрана за увоз на отпад како извор на енергија, а МЖСПП од своја страна најави крупни измени на регулативата за управување со отпадот, со нов пакет закони кои се во моментов во јавна консултација.
(В.А.)