Спасовски: Со право може да очекуваме датум, но Советот одлучува со консензус

Во извештајот на Европската комисија нема ниту една забелешка и со право може да очекуваме датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ, вели техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.

 -Јас не сакам да звучам ниту песимистички ниту да бидам преголем оптимист. Сакам да бидам реален дека навистина се исполнети сите критериуми да очекуваме дека тоа може да се случи сега, на Европскиот совет, но сепак, би ја почекал одлуката на Советот заради тоа што таму одлуките се носат со консензус и не би сакал да доживееме разочарување, вели Спасовски.

 

Тој оценува дека здравјето на граѓаните е од примарна важност и смета дека ниту една политичка агенда не треба да биде со поголем приоритет. Запрашан дали во еден момент би можело да се отвори прашањето за одложување на датумот за парламентарните избори, Спасовски вели:

-Јас не гледам кој е тој политички интерес поважен од еден човек. Јас не гледам дека интересот на една политичка партија, на еден човек, на една структура и тн. може да биде поважно отколку живот на еден човек, на едно дете во државата. Сите аспекти се анализираат, и на основа на тие анализи ќе се носат одлуките. Во секој момент можеме да се собереме и да носиме важни одлуки. Вчера разговараме исклучиво за мерките на Владата. Ние преземавме навремени мерки и од превентивна смисла. Ние сме една од првите држави во регионот која воведе мерки за границите. Не само што е можно, туку сигурно ќе носиме мерки за заштита на граѓаните. Се она што ќе биде дадено како прадлог за намалување на ризикот, ќе биде спроведено, рече Спасовски.

 

Треба да знаете
Последни објави