Трамп забрани влез на патници од Ирска и Британија во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја прошири забраната за влегување во САД и на Велика Британија и Ирска за сите оние кои неодамна престојувале во европските земји од шенгенската зона, а оваа мерка стапува на сила од понеделник на полноќ.

Досега овие две земји беа исклучени од забраната за влез во САД.

-Ги откажуваме сите патувања од Велика Британија и Ирска. Мерката стапува на сила во понеделник на полноќ според времето во Вашингтон, изјави потпретседателот Мајк Пенс.

Трамп ги повикува американците кои живеат во Велика Британија и Ирска да се вратат дома, но ќе мораат да поминат низ контроли за влез во својата земја.

Трамп ја изненади ЕУ во средата со најава за 30-дневна забрана за влез во САД за странци кои во последните 14 дена престојувале во 26 европски земји.

Треба да знаете
Последни објави