Бројот на заразени со коронавирус во Република Хрватска денеска е зголемен на 38 лица.
Министерот за здравство Вили Берош изјави дека позитивни се резултатите кај спортистика неодамна се вратила од натпревар во Романија.
На прес-конференцијата министерот кажа дека таа е во добра состојба со покачена температура.
Официјалните лица предупредија и на пријавени прекршувања на изолацијата што им е наложена на одделни граѓани, истакнувајќи дека казната за непочитување на наредбата е околу 8.000 куни.
Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, рече дека тие апелираат за одговорност на секој поединец.
„Ова важи и за патувањата на граѓаните, освен доколку има итна потреба, но и за пристигнувањата во Хрватска. Оние што мислат дека е добро да дојдат тука за Велигден, мора да знаат дека е можно враќање во земјите од кои доаѓаат“, рече тој.