Jунајтед продолжува со тренинзите и покрај коронавирусот и паузата во Премиер лигата

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе ги продолжат своите тренинзи во клупската база Карингтон, иако првенството во Премиер Лигата е прекинато и многу клубови им наредија на своите играчи да се држат настрана од тренинг-терените, како мерка за претпазливост.

Тренинзите продолжуваат бидејќи Оле Гунар Солскјер сака неговите играчи да бидат во оптимална физичка форма доколку сезоната се обнови на 3 април, какво што е сценарио во тоа време. Покрај тоа, клубот веројатно ќе се обиде да организира натпревари со затворени врати во базата, иако сè уште не е донесена конечна одлука.

Плановите може да се прилагодат по клупската средба што ќе се одржи следниот четврток. Ако се реши да биде одложено првенството подолг период или дури и трајно да биде суспендирано, тогаш „црвените ѓаволи” може да бидат пуштени на одмор.

Јунајтед требаше да игра против Тотенхем овој викенд во клучниот натпревар во битката за петтото место во Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави