Дирекцијата за заштита и спасување активно учествува на кризното подрачје на Дебар и Центар Жупа

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски синоќа издаде наредба за мобилизација на дел од силите за заштита и спасување.

Силите на ДЗС покрај делувањето во внатрешноста на кризното подрачје, ќе делуваат на два контролни пунктови каде ќе се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови и другите возила кои со посебна дозвола ќе се движат во кризното подрачје.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата на Р.Северна Македонија поради лична заштита и заштита на целото население.

Треба да знаете
Последни објави