„Доминос пица“ со нова иновација во пресрет на ковид-19, безконтактна достава за заштита на клиентите и вработените

„Доминос пица“ реагира на оваа посебна ситуација со која се соочуваме во пресрет на вирусот COVID-19, каде што безбедноста на клиентите и вработените е приоритет. „Поради таа причина го воведуваме овој иновативен систем за достава без контакт. За веќе познатата удобност при достава на пици дома или на работа, елементот на безбедност што може да го направи оваа безконтактна достава ќе направи голема разлика овие денови“, велат од компанијата.

Со започнување на оваа услуга за испорака CONTACTLESS, Доминос е во состојба да ги заштити клиентите и работниците, преку низа на правила и стандарди што гарантираат тотално безбеден процес.Оваа иновација е одговор на Доминос пица во време кога седењето дома добива сосема ново значење, и како мерка на индивидуална заштита и мерка на јавното здравје.

Овој нов пристап кон услугите за достава до домовите станува особено релевантен, при што сè повеќе луѓе работат и поминуваат повеќе време дома, следејќи ги упатствата на здравствените власти со цел зајакнување на мерките за борба против ширење на COVID-19, во согласност со она што се случува во сите земји во Европа и светот.За овој нов вид на достава – Доминос користи процес на испорака специјално дизајниран за да обезбеди дека нема контакт меѓу клиентот и лицето за испорака.

Процесот е многу едноставен, многу ефикасен и лесен за објаснување:

• Нарачајте како и нормално, преку нашата веб страна, на крајот од нарачката одберете онлајн плаќање со картичка CPAY.

• Возачот употребува секогаш пластична кеса за нарачката. Ја поставува нарачката со пластичната кеса во торбата за достава.

• На вратата на клиентот, возачот sвони на ѕвончето (или се јавува на вашиот телефонски број), го замолува клиентот дали сака да ја прими нарачката на врата или да ја прими нарачката од куферот на моторчето.

• ОПЦИЈА А: Ако клиентот избере на неговата врата:• Возачот ја остава нарачката на вратата на клиентот во пластична кеса• Потоа, чекори 2 метри од вратата за да потврди дека клиентот го добива производот.

• ОПЦИЈА Б: Ако клиентот се спушти долу:• Возачот ја отвора кутијата на мотоциклот и одржува безбедно растојание.• Клиентот ја отвора топлинската кеса и ја повлекува нарачката.

Плаќањето по електронски пат (кое е веќе доста распространето – CPAY) се смета за најефективно во оваа ситуација, од очигледни причини … Но плаќање со картичка и во кеш, исто така, е можно, едноставно следејќи ги инструкциите на доставувачите.

Оваа гаранција сега објавена е можна само затоа што целиот процес веќе се одвиваше без директен контакт на инволвираните работници, бидејќи тоа се бара од безбедносните стандарди наметнати и од надлежните за здравство и за безбедност (HACCP Hazard Analysis and Critical Control Point) и според внатрешните правила на самата Доминос пица. Со други зборови, она што сега е разгледано е таканаречената „последна милја“, да се заврши тотално безбеден пат, од ракување со тестото и состојките до поставувањето на пиците во соодветните картонски кутии, понатака во термичките кеси и конечно во кутиите за мотоцикли.За да ја откриете најблиската продавница на Доминос или направите нарачка и да ја тестирате оваа услуга, можете да отидете на www.dominos.mk

За Dominos pizza

Треба да знаете
Последни објави