Коалицијата „Можеме” со квалитетни кадри и граѓанска програма носи победа на изборите и европска иднина за државата

Сите кандидати на пратеничките листи на коалицијата ,,Можеме” се одговорни, чесни и со признати квалитети. Тоа се луѓе кои ја сакаат својата татковина, граѓани кои се подготвени да се вклучат посветено во позитивните европски процеси и кои се спремни неисцрпно да работат за доброто на државата.
Во изборната единица 1 за правда, ред и дисциплина, но и за животна средина ќе работат пратениците предводени од носителот Никола Димитров и носителката Мила Царовска. Тука се и искусни политичари, но и нови пратеници и нови кандидати, Дамјан Манчевски, Мирослав Богдановски, Диме Велковски.
Во втората изборна единица, повисоки плати, грижа за сите и инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат носителите Оливер Спасовски и Сања Лукаревска придржувани од исто така квалитетни и препознаени личности како Славјанка Петровска, Мухамед Зеќири, Санела Шкријељ.
Инвестиции во земјоделството, во инфраструктурата и повисоки плати, односно повеќе пари назад кај граѓаните обезбедуваат кандидатите за пратеници во третата изборна единица, предводени од мене лично, Љупчо Николовски и носителката Јагода Шахпаска на листа придружувани од Маја Морачанин, докторите Сашо Николов, Ненад Коциќ и многу други нови имиња.
Во изборната единица 4, Коалицијата „Можеме” влегува со силни инвестиции во инфраструктурата, со уште посилна поддршка на земјоделците и уште повеќе можности и мерки за младите. Пратениците од оваа изборна единица се предводени од претседателот Зоран Заев и од Соња Миракоска, а на листата  се и Миле Талевски, Даниела Колева и Костадин Костадинов.
Во изборната единица 5 носиме стабилност, безбедност, странски инвестиции, обезбедуваме раст на платите, здрава животна средина и силна поддршка на туризмот. Таму честа да ја предводат листата на коалицијата „Можеме” ја имаат потпретседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, координаторот на досегашната пратеничка група Јован Митрески, придружувани од квалитетни професори, поединци, интелектуалци од Битола, Охрид и целокупниот регион, како што е Бисера Костадиновска Стојчевска, Лазе Танески, Жаклина Лазаревска, Един Јакуповиќ…

Концептот едно општество и концептот повеќе пари кај граѓаните силно и најмногу ги потврдуваме  во 6-та изборна единица. Најразноликата изборна листа е предводена од претседателот на Движењето БЕСА Биљал Касами и од Фаница Николовска од СДСМ, заедно со Бејџан Илјаз, Фадил Зендели, Драгољуб Филиповски и многу други и Македонци, Албанци, Турци и останати.

Ова е најголемата, најграѓанската и победничка коалиција со родово најизбалансирана понуда, со целосна правична застапеност на сите етнички заедници во државата. Клучно околу 60 проценти од сите наши кандидати се жени. Ова е значаен исчекор во стандардите на политичкото делување во нашата земја.

Со ваква кадровска понуда и со програмските решенија што ги нудиме носиме нов квалитет, нови вредности и нови стандарди во политичкиот плурализам во Северна Македонија. Затоа, оваа генерација, оваа коалиција е апсолутен фаворит на изборите и очекуваме тоа да се потврди со сигурност на изборниот ден, на 12 април.

Затоа што можеме. Можеме уште подобро, можеме уште повеќе!

Треба да знаете
Последни објави