Полицијата врати камион што сакал да излезе од Дебар

Полицијата спречила камион да излезе од Дебар, на пунктот кај Бошков мост, каде се врши строга контрола на влез и излез од подрачјето во кое е на сила кризна состојба, јавува репортерот на „360 степени“ од терен.

Камионот бил тргнат да излезе од контролираното подрачје, но полицијата не му дозволи да го помине пунктот и по 20-ина минути возилото се врати назад кон Дебар.

Фото: 360 степени

Треба да знаете
Последни објави