Согласно одлуката на Владата на РСМ донесена на 17-тата Седница, одржана на 12 март 2020 година, а во врска со мерките кои државата ги презема за справување со состојбата со коронавирусот, спортските обложувалници ќе работат со скратено работно време, од 7.00 часот до 18.00 часот, со преполовен капацитет за гости, односно да се задржи минимум неопходно растојание од најмалку еден метар и половина до два метри помеѓу луѓето кои престојуваат во овие објекти.
Одлуката е на важност до 24 март. Асоцијацијата ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува препораките и мерките на Владата.
Дополнително информираме дека ги преземаме сите мерки за заштита на нашите вработени и играчите во обложувалниците – членки на АСОМ. Во контекст на ова набавени се дезинфекциони средства за секоја обложувалница, заштитни ракавици за сите вработени, а објектите редовно и темелно се чистат.
Апелираме до играчите, во целост да се придржуваат до мерките.