Аџибадем Систина стави на располагање на граѓаните 27 респиратори

Во состојба на алертна состојба со вирусот Ковид 19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, заедно со сите свои 1000 вработени лица, се става на располагање со сите свои слободни капацитети на граѓаните на Република Северна Македонија, кои се засегнати од овој вирус, а по потреба и претходен договор со Министерството за здравство, соопштија од болницата.

-На располагање се ставаат и сите слободни апаратите за механичка вентилација односно респиратори. Во моментов нашата болница располага со 27 најсовремени респиратори и тоа педијатриски, адултни и транспортни. Следете ги препораките за заштита и превенција од Ковид 19. Грижете се за своето и за здравјето на луѓето околу Вас. Нашата грижа за Вашето здравје продолжува, соопшти Аџибадем Систина.

https://www.facebook.com/acibademsistinahospital/photos/a.119746031401344/3730501020325809/?type=3

Треба да знаете
Последни објави