Прогласена вонредна состојба во Косово

Премиерот Албин Курти го одобри барањето на Министерството за здравство да прогласи вонредна состојба на цела територија на Косово.

Преку одлука Курти објави дека сите институции на Владата на Република Косово треба да постапуваат во согласност со националниот план за одговор, а Министерството за здравство е одговорно за итно управување со јавното здравство.

Одлуката стапи на сила веднаш.

Ова следува откако беа потврдени уште четири нови случаи на коронавирус во Косово.

Министерот за здравство Арбен Витиа побара од премиерот на земјата, Албин Курти, да прогласи вонредна состојба.

Треба да знаете
Последни објави