Спасовски: Не прифаќам никакви политички профитерства на грбот на здравјето на граѓаните

„Не прифаќам никакво политичко профитерство на грбот и здравјето награѓаните. Исто така и во економијата или профитерство во новинарството. Ако некој се одлучил на оваа ситуација да ја користи и сака на неа да печали поени, на крајот ќе изгуби. Ако некому му се поважни политичкиот рејтинг или поените од здравјето на граѓаните, тогаш тоа не е лидерство. Нам ни треба да покажеме лидерство пред граѓаните. Има луѓе кои се одговорни за ситуацијата и во опозицијата, но некои од раководствата на партиите, иако излегуваат и тврдат дека ги поддржуваат мерките на Владата, сепак нудат некакви тимови за интервенција. Тимовите задолжени за ситуацијата може да се најдат исклучиво во болниците, не постојат партиски лекарски тимови. Ова не е вирус за едни или други, не постои партиски вирус, тој е опасен за сите нас подеднакво.” – коментираше вечерва премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, во врска со најавите на некои партии, пред се ВМРО ДПМНЕ, дека тие имаат свои медицински екипи кои може да интервенираат.

Спасовски повика да надвладее разумот, кој во моментов е најнеопходен за да се зачува ситуацијата со вирусот под контрола.
„Да ги почитуваме институциите, а преку нив и граѓаните. Здравјето и животот се поважни од секоја  политичка одлука и од секоја политичка цел. Затоа на лидерската средба зборувавме сите, а потоа зборував и на телеофн со сите лидери на партии. До 22 март ги партиите ги ставаат под мораторум сите активности за изборите и тоа треба да се испочитува. Пораката на политичките лидери која треба да ја испраќаме деновиве е порака на одговорност, порака која треба да ја следат следбениците на партиите, за да донесеме подобра иднина со надминување на оваа состојба. Секој аспект од кризата мора да се цени и во рамки на тоа да се носат одлуки за изборите и за другите прашања.  Ако граѓаните и животот се најважни тогаш чија и која политичка цел може да биде поважна?”- праша Спасовски.
Треба да знаете
Последни објави