Халкбанк нема да наплаќа провизии на физички лица преку e-banking и moby banking 

Халкбанк ги информира своите клиенти дека започнувајќи од 16ти март па се до  31ви март банката нема да наплаќа провизии на физички лица преку e-banking и moby banking за сите плаќања во денари. Овој чекор Халкбанк го презема со цел да се избегне физичка посета на банките како мерка на претпазливост и грижа на здравјето. Преку користење на онлајн услугите на Халкбанк наместо класичното одење на шалтер, се заштитуваат и корисниците на банкарски услуги и вработените на шалтерите.

Во време на мерки на претпазливост и грижа за најважното – а тоа е здравјето, банкарските услуги на Халкбанк како и сите останати за кои постои можност, правете ги онлајн и безконтактно со дигитални системи за банкарство на Халкбанк.

 

Треба да знаете
Последни објави