На 14.03.2020 во 16.59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден Ј.К.(40) од с.Шишево, скопско, кој се повредил извршувајќи градежни работи на објект во изградба на бул.„Борис Трајковски“.
Во 20.15 часот од страна на лекар кај лицето била констатирана смрт. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за вештачење на Институтот за судска медицина.