Косовскиот премиер Албин Курти се извини на граѓаните затоа што Владата не ја укина од денеска, како што пртходно имаше најавено, таксата од 100 отсто на увозот на сировини од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во објава на својот Фејсбук, насловена „Две извинувања”, Курти побара извинување и што не ја испочитувал препорака за одржување физичка дистанца од над еден метар со луѓето заради заштита од коронавирусот.
Косовскиот премиер вели дека мерката за делумно укинување на таксата на српскиот увоз е моментно неспроведлива, затоа што неговиот став изнесен на 26 февруари не успеал да го преточи во одлука на Владата.
– Жал ми е поради тоа. Се уште не сум успеал да го убедам нашиот коалициски партнер ЛДК (Демократскиот сојуз на Косово), за тоа во што лично сум убеден: постепеното заменување на таксата со реципроцитет е најдобриот, најисправниот и најкорисниот начин, вели Курти.
Во врска со препораката за одржување дистанца со други луѓе, Курти вели дека таа не можел да ја испочитува на вчерашната седница на Собранието, на која се расправаше за буџетот на Косово за 2020 година.
– На вчерашната седница на Собранието на Република Косово (…) не се испочитува препораката за физичка дистанца од над еден метар меѓу луѓето во време на пандемија на вирусот Корона. Со моите вицепремиери цело време бев поблиску од толку, а понекогаш и во разни други прилики додека се дебатираше за буџетот 2020, кој го усвоивме синоѓа. Жал ми за ова и барам извинување од вас, напиша Курти.
https://www.facebook.com/albini2017/posts/825788831254336?__xts__%5B0%5D=68.ARBCNKXxs-ZUs3Wqp6iWfr_kWjUvL3B-gzmLxFVlfxg3lagFhFprcHCy-pJTqKSXOLcgUbuM55nhtqtZR9pzYQtd8IjBRuciDS2ipwEuMhTHr2PFh_M6zF7ocByQMtO-kJAXJlyThXZZKByBB2klDunOv5b1J7rIX2gNGPJNZEKF1Tc-vOFruqRd9-3wJL4Bph-QDKyMZXNPRRXNdCbl2O5iYQ4ejbUoXXEhGN3prWM2x-KNubUd6oNGTSkVcqj_qJa1rFR1OEkPJJhzAF2RNdUpDbnrRUvMEarnBJ1IXxDVNtcrOlaBIaF_JKsRwdQ-P0S0KWyh9xe56vTUDyM&__tn__=-R