И М.Т. (29), совозачот на моторџијата, кој вчера загина во сообраќајката во Кавадарци, починаа на скопските клиники. Оваа информација за МИА ја потврди Елизабета Недановска, портпарол во ОЈО.
Според МВР, вчера околу 12.45 часот на крстосница од улица „Северен булевар” и улица „Никола Минчев” во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд”, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г. И. (32) од Битола и мотоцикл „јамаха”, без регистарски ознаки, управуван од Л. Л. (26), каде сопатник бил М. Т. (29), и двајцата од село Марена, кавадаречко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на мотоциклот, кои биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош, каде подоцна Л. Л., поради животнозагрозувачките повреди, починал.
Фото: МИА