На 14.03.2020 околу 17.00 часот во СВР Скопје, С.К.(38) од Скопје пријавил дека во подземен простор на здравствена установа на бул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, пронашол починато лице.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител пронајденото тело е предадено за обдукција во Институт за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија – Скопје.
Неофицијално, станува збор за Поликлиника Чаир.