Вејн Руни изјави дека владата и раководителите во фудбалот ги третирале играчите како „глувци за тестирање”.
Фудбалот во Велика Британија е запрен барем до 3 април поради ширењето на коронавирусот.
„За играчите, персоналот и нивните семејства, ова беше загрижувачка недела во која имаше недостаток на лидерство од страна на владата и ФА и Премиер лигата. Остатокот од спортот – тенис, Формула 1, рагби, голф, фудбал во други земји – беше запрен, додека ние продолживме. Многу играчи се прашуваа: „Дали станува збор за пари?” Зошто требаше да чекаме до петок? Зошто Микел Артета мораше да се разболи за англискиот фудбал да донесе правилна одлука? По состанокот за итни случаи, барем е донесена вистинската одлука. До тоа време, речиси се чувствуваше како фудбалерите во Англија да се третираат како „глувци”. Ако некој од моето семејство се зарази од мене, затоа што морав да играм кога не е безбедно, сериозно ќе размислам дали да играм повторно. Никогаш нема да им простам на водечките фактори”, изјави поранешниот репрезентативец на Англија за „Тајмс”.
Триесети четири-годишниот фудбалер веќе два месеци е во Дерби Каунти, каде е и тренер и играч. Тој зборува и за тоа како сезоната може да заврши.
– Немаме проблем да играме до септември, ако сезоната е продолжена и тоа треба. Тоа е наша работа. Сè додека знаеме дека е безбедно да се игра и има безбедно опкружување за гледачите, ќе играме. Следниот Светски куп е во ноември и декември 2022. Значи, можеме да ја искористиме оваа ситуација како можност и да кажеме дека ќе ја завршиме сезоната 2019-2020 подоцна оваа година. Потоа се подготвуваме за 2022 година, започнувајќи ги следните две сезони во зима, прокоментира Руни.