Претседателот на Владата и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, во вечерашното он-лајн интервју изрази благодарност до граѓаните кои ги почтуваат мерките за заштита од ширење на корона вирусот и упати повик до сите што се однесуваат лагодно, и не го почитуваат своето семејство, да се приклучат на мерките.
Секој од нас треба да ги почитува мерките и да не го шириме вирусот понатака, со миење раце и почтиување на сите заштитни мерки порача Спасовски.
Јавната свест ер на ниско ниво и затоа мерките се зајакнати, целсно се затворени кафаните, рестораните, моловите, кладилниците за да влијаеме на граѓаните да го заменат своето однесување, истакна Спасовски и како пример ги наведе собирање на младите на Водно.
Спасовски упати апел до граѓаните, да пријават ако заебележат собрана поголема група, бидејќи на тој начин се загрозува здравјето на сите граѓани.
Од нас зависи, апелирам до сите, особено до младите, да останат дома, порача Спасовски.