Британскиот министер за здравство Мет Хенкок побара денеска од британската индустрија да почне со производство на важна медицинска опрема, како на пример аспиратори.
Тој во авторски текст за британскиот весник „Телеграф”, со констатација дека епидемијата на Ковид-19 е најголема во оваа ера, истакна дека Владата во Лондон побарала производство на вентилатори и друга опрема за потребата на болниците.
– Сега е потребно да ги трансформираме производствените линии за производство на вентилатори, нагласи Хенкок.
Тој за Скај њуз изјави дека Британија ќе го купи секој вентилатор што ќе се произведе.