Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на својот Фејсбук профил рече дека се прават максимални напори граѓаните заглавени на границите да си дојдат дома, а тој целиот ден го поминал на телефон контактирајќи со европските колеги.
-Денов го поминав на телефон, од министрите за надворешни на Словенија и Србија, до граѓани, кризни штабови, Венко, Оливер, Мила, МВР, МАКАМ-ТРАНС, Сугаре, кризниот тим на МНР, амбасади и амбасадори…Имаме многу граѓани и камиони на кои им треба помош, задржани на една или на друга граница. Правиме максимални напори да си ги донесеме дома.Утре планираме видео конференции со регионот за да најдеме системско решение за транспортот.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10163201434750451&set=a.10151270466640451&type=3
Апелирам до сите граѓани да се воздржат од било какви патувања во странство, бидејќи состојбите се крајно непредвидливи.Благодарност до сите вклучени, благодарност за Амбасадата во Љубљана и македонските дипломати кои најдоа начин да однесат храна и вода за возачите на товарни возила заглавени на италијанско-словенечката граница (фото долу). Време е за врвна одговорност, смиреност, солидарност и засукани ракави, напиша Димитров.