Понекогаш, точно знаете каков ќе биде филмот само ако погледнете кој е главниот актер.
Филмовите со Вин Дизел се едноставни – без разлика дали е Fast And Furious, XxX, франшизите Riddick па дури и комедијата The Pacifier, знаете дека ако ништо друго, добивате добра, безумна, забавна акција од 90 минути во киносала.
Можеби нема да сфатите што мрмори во половина филм, но Вин Дизел знае како удира, и тој никогаш не е повреден.
Со „Бладшот“, Дизел прилично се држи до формулата. Филмот изобилува со акциони секвенци, акробации за кршење коски, но овој пат, има причина за неговата неранливост: суперсили.
Дизел глуми американски маринец, Реј Гарисон, кој што е киднапиарн и убиен заедно со неговата сопруга по мисијата. Или така барем се чини.
Реј подоцна ќе се разбуди на медицинска маса во зграда среде Куала Лумпур. Во живот го враќа д-р Емил Хартинг (Гај Пирс), без неговата меморија, но со неколку физички подобрувања. Тој е сега суперчовек, машина за убивање.