Во Кина се пријавени 16 нови случаи на коронавирус, што е намалување за 20 случаи помалку од претходниот ден, соопшти денеска кинеската Национална здравствена комисија.
Од избувнувањето на епидемијата, потврдени се 80.860 случаи во Кина, при што излекувани се 67.749 пациенти, пренесува Би Би Си. Во Кина од Ковид-19 починаа 3.213 лица. Во моментов активни се 9.898 случаи, од кои 3.032 лица се во сериозна здравствена состојба.
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека главниот ризик за ширење на вирусот е од странски државјани.
Портпаролот на Министерството, Генг Шуанг рече дека проверките на здравствената состојба и мерките за карантин важат и за кинеските и за странските државјани кои влегуваат во земјата.
Заменик директорот и помошник началник на Одделот за инфективни болести, Као Веи рече дека не е утврдено како временските услови влијаат на ширењето на коронавирусот.