– Гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, ја прозва американската федерална влада дека не презема никакви чекори за да спречи ширење на новиот коронавирус.
Државата Њујорк, како и неколку други држави, воведе мерки за граѓанска заштита. Заврането е собирање на повеќе од 50 лица на едно место, сите училишта се затворени и сите кина, фитнес центри и казина се затворени во 20 часот по локално време, додека угостителските објекти се ограничени само на услуги за испорака.
„Ова е национален проблем и ни треба федерална одлука. Во сите други земји, и не ми е грижа дали станува збор за Кина, Јужна Кореја или Италија, државната влада ја презема водечката улога затоа што тоа е национален проблем. Ни требаат чекори на федерално ниво а не секоја држава да прави што сака.Ова е хаос и го засилува чувството дека ситуацијата излегува од контрола. Нема никаква смисла секоја држава да одлучува сама за себе”, нагласи Куомо. Во таа американска држава има најмногу заразени – 950.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера рече дека вирусот е многу опасен, но и дека е целосно под контрола.