По информациите дека турските власти ги вратиле во Турција бегалците кои се наоѓаа на турско-грчката граница, Европската комисија ја потврди информацијата, јави дописничката на МИА.
-Според нашите информации, состојбата на грчко-турската граница се чини стабилизирана во однос на бројот на обиди да се премине границата, кој е сега вратен на претходното ниво, изјави Адалбер Јанз, портпарол на ЕК за внатрешни работи.
Европската комисија потсети дека се распоредени нови сто граничари од Фронтекс од единицата за брза интервенција, кои доаѓаат од 22 земји членки на ЕУ. Тие работат заедно со грчките власти за да “продолжат да ја стабилизираат состојбата”, изјави портпаролот.