Италијанската влада е подготвена повтороно да ги интензивира мерките доколку оние кои веќе се донесени не се покажат како доволни за компаниите да ја издржат кризата предизвикана од вирусот.
„Одобрените мерки не се доволни. Штетите од коронавирусот ќе бидат широки и сериозни. Ќе ни треба вистински план за реконструкција “, изјави Џузепе Конте за „Кориере дела Сера“.
Владата соопшти дека планираната економска поддршка ќе изнесува 25 милијарди евра и треба да им помогне на компаниите и семејствата.
Сè треба да биде официјално одобрено на состанок закажан за денеска.
„Ние реагираме со воведување на правила што ќе овозможат нашата економија да се справи со оваа вонредна состојба. Подготвени сме, доколку е потребно, да воведеме уште посилни мерки за да ја покренеме земјата“, рече премиерот.