Во име на Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” а во пресрет на најавената седница на Советот за безбедност сметаме дека е потребно да се постигне консензус на сите политички субјекти, Владата да воведе кризна состојба на целата територија на државата од 30 дена.
Потребно е во текот на денешниот или трешниот ден Претседателот Пендаровски да ги повика лидерите на политичките партии кои се договорија за одржување на вонредни парламентарни избори како и сите претседатели и претставници на коалициите кои поднесоа листи на кандидати за изборите за постигнување на договор за одложување на изборите за одреден период.
Во име на Коалицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија” , бареме Bлада итно да воведе пакет мерки насочени кон ублажување на негативните ефекти од епидемијата на корона вирусот врз економијата и здравствената состојба на граѓаните како и врз целокупната состојба во општеството.
- Целосно затворање на границите за сите граѓани од други држави и задолжителна 14 дневна излоација за сите граѓаните кои доаѓаат и од државите кои се означени како држави со ниско ниво на ризик, од причина што ситуацијата се менува од час во час,
- МНР преку дипломатските и конзуларните претставништва во странство) и Министерството за здравство да се потрудат под итно да им помогнат на нашите граѓаните кои се во други држави, а кои држави имаат воведено забрана за влез и излез да им овозможат на нашите граѓани организирано да си дојдат дома и истите да бидат ставени во 14 изолација.
- Бараме итна суспензија на обврската на граѓаните за плаќање на режиски трошоци, даноци и рати за кредит на граѓаните со цел да се намали притисокот врз домаќинствата и малите бизниси.
- Бидејќи на банкарите не им текнува ја повикуваме Владата и Народна Банка на Република Македонија да изнајдат законски начин да ги задолжат банките да им помогнат на граѓаните, но и на малите у средни компании кои ќе бидат погодени од последиците на корона вирусот
- Бараме извршителите самоиницијативно да ги стопираат сите нивни активности кои се насочени кон наплата на долгови на граѓаните
- Бареме да се донесе одлука за замрзнување на цените на основните прехрамбени производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала и средства како и средствата за хигиена кои се неопходни за справување на последиците со корона вирусот.
- Бараме одлука за субвеници до 70% од државата за сите погодени компаниии и институции од епидемијата.
- Бараме драстични казни од 3000 евра за оние граѓани и 5.000 евра за правните или деловни субјекти кои демонстрираат антисоцијално однесување, прекршувајќи ги превентивните мерки и препораки.
- Ја поддржуваме одлуката за мобилизиција на целиот медицински персонал, не само во јавните, туку и во приватните установи, како и голема благодатност до сите оние приватните болници кои самоиницијативно го ставиле на располагање сопствените капацитети
во име на Коалицијата
проф. д-р ЈОВЕ КЕКЕНОВСКИ