Крузерите заразени со коронавирус никој не сака да ги прими во нивното пристаниште

Неколку крузери се заглавени на отворено море или на пристаништата ширум светот, откако се откриени случаи на коронарна инфекција или се сомнева на зараза, пренесува хрватски „Индекс“.

Трансатлантскиот крузер „MS Braemar“ со повеќе од 600 патници и најмалку 5 потврдени случаи на зараза со коронавирус, очајно бара да најде место за укотвување откако беше одбиен од неколку пристаништа на Карибите.

Според „Си-ен-ен, дваесет патници и дваесет други членови на екипажот, вклучувајќи и еден лекар, се во изолација откако им се појавиле симптоми на зараза.

Канадски турист е позитивен на коронавирусот на крузерот „Silver Shadow“ кој е закотвен во Бразил. На крстосувачот има 609 патници и сите се во изолација од четврток.

Крузерот „Silver Explorer“, кој е закотвен во Чиле, има и еден сопатник со вирус на корона. Крузерот има 111 патници и 120 членови на екипажот и сите се во изолација.

Иако нема потврдени случаи на инфекција на крстосувачот „Golden Princess“ закотвен во Нов Зеланд, тројца патници се ставени во карантин. Еден од нив покажува симптоми на вирусот. На другите патници сè уште не им е дозволено да се истоварат од крузерот.

Крузерот „Norwegian Jewel“ во моментов е на Пацификот и бара пристаниште во кое ќе вплови. Ниту една држава не сака да го прими, иако, според официјалните бројки, нема случаи на инфекција.

Треба да знаете
Последни објави