Лидерите на ЕУ ќе оддржат состанок преку видео конференција

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска свика нови разговори на лидерите на ЕУ, а главна тема е коронавирусот. Разговорот на лидерите ќе се одвива преку видео конференција, најави Мишел на својот Твитер профил.

-Запирање на ширењето на вирусот, обезбедување доволни количества медицинска опрема, поинтензивни истражувања и ограничување на економските последици се клучни, нагласи Мишел.

Лидерите на ЕУ на 10 март на видео конференција побараа секојдневна консултација со министрите за здравство и министрите за внатрешни работи на ЕУ и формираа така наречен Корона фонд за помош во решавањето на економското влијание од пандемијата.

Европската комисија даде предлог за ограничување на извозот на медицинска опрема надвор од државите на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави