МТСП: Апелираме до родителите да ги користат достапните содржини и едукативни емисии за деца од предучилишна возраст

Децата треба да го продолжат учењето и додека се дома. Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата. Децата од предучилишна возраст  не посетуваат градинка. Но, тоа не значи дека воспитно-образовната надградба треба да застане. Напротив, има многу начини како децата да продолжат да се едуцираат и во вакви вонредни околности, во домашни услови.

Препорака на Министерството за труд и социјална политика е да се практикува оваа листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на младите.

Видете ја оваа листа бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за вашето дете https://uni.cf/2xsDMB3

Воспитанието и образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека градинките се привремено затворени.

Воедно информираме дека од денес на МРТВ започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои децата ги изучуваат на училиште. За децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст.​

 

Треба да знаете
Последни објави