ОН: Треба усогласено делување за да се избегне глобалната рецесија

„Освен што ја предизвика кризата на јавното здравство, вирусот ја зарази и светската економија”, напиша Гутереш во уводникот на португалскиот дневен весник „Публико”, пренесе Хина.
Ширењето на вирусот го наруши синџирот за набавка и предизвика пад на вложувањата и потрошувачката, што доведе до „реална и се поголема опасност од рецесија во светот”, продолжи поранешниот португалски социјалистички премиер.
-Ниту една земја не може сама да се бори. Повеќе од било кога претходно владите мора да соработуваат и да ја засилуваат економијата, да ги зголемат јавните вложувања, да ја поттикнуваат трговијата и да ги подржат заедниците и поединиците кои се зафатени од болеста”, нагласи тој.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) неодамна предупреди на сериозноста од забавување на светска економија заради пандемијата од коронавирусот, што ќе зависи од нејзиното траење и реакциите на владите.

ММФ во април треба да ги објави своите ажурирани економски прогнози.

ММФ и во декември предвидуваше светски раст од 3,3, отсто, но тоа беше пред нарушувањата на светско ниво што беа поврзани со пандемијата од коорнавирусот, како што беа затворањето на трговските синџири, ограничувањата на движење, откажувањето на спортски и културни настани.

На почетокот на февруари директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, предупреди дека растот во 2020 година ќе биде помал од 2,9 отсто, колку што беше и во 2019 година, но не можеше да предивиди колку тој ќе изнесува.

Треба да знаете
Последни објави